Власта пред избори ја полни администрацијата, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
352 ден од 2023 година власта распиша оглас за над 500 нови вработувања во ЕСМ. На само стотина дена пред избори ова јавно претпријатие треба да вдоми над 500 партиски послушници. Откако власта го распиша огласот во ЕСМ, распиша уште стотина огласи во разни институции на крајот на 2023 година, а партизацијата не запира и во 2024 година. Само во текот на вчерашниот ден е распишан оглас за нови 50 вработувања во МЗШВ. Еден од таквите огласи е и огласот во М-НАВ каде власта по секоја цена сакаше на огромна плата да стави свои блиски луѓе, без да го имаат потребното знаење и вештини, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Самоволието на власта резултира со револтирање на професионалниот кадар како во М-НАВ, така и во сите јавни претпријатија кои ги полнат пред избори. Никогаш не било полоши. Важно е да ги поразиме, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.