Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради клинички во Скопје и Штип, со цел достапност на квалитетни здравствени услуги до сите граѓани, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Регионализацијата како концепт во здравството е важен, со цел граѓаните од цела држава да добијат квалитетни и брзи услуги. Истовремено владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зајакне капацитетите на Итната медицинска помош, со цел брза и квалитетна првична реакција. Мерките кои имаат за цел најбрзо да ја подобрат состојбата во здравството ќе започнат со проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ преку Национална стратегија ќе инвестира во континуирана медицинска едукација, како и креирање на ефективен и ефикасен здравствен систем, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.