Утре 26.11.2023 година (недела) во 12:00 часот, во DoubleTree by Hilton Скопје, сала (Дајмонд), во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ВМРО-ДПМНЕ организира настан насловен „Важно е! Платформа за иднина“.
Настанот е поделен на две дебати посветени на локалниот економски развој и на економските принципи.
Учесници во првата дебата, Локален економски развој се:
· Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода,
· Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба,
· Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,
· Дарко Костовски, градоначалник на Бутел,
· Борче Митевски, градоначалник на Петровец,
· Александар Георгиевски, градоначалник на Илинден,
· Стефче Трпковски, градоначалник на Сопиште.
Учесници во втората дебата, Економски принципи се:
· Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
· Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,
· Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,
· Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
· Бојан Стојаноски, пратеник,
· Анастасија Илиеска, член на Комисија за финансии и буџет на ВМРО-ДПМНЕ.
Модератори на дебатите ќе бидат Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Никовски и Драгана Бојковска.
Пренос на настанот ќе се врши на официјалниот youtube канал на ВМРО-ДПМНЕ и facebook профилот на Христијан Мицкоски.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот
ВАЖНО Е! ПЛАТФОРМА ЗА ИДНИНА
На Македонија и се потребни промени и подобра иднина, посветеност и стручност за равој!