Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Толку е мизерно во СДС што мора избришани партии да ги претставуваар како коалиција, ако нешто им менува, можат и 100 активисти да ги претстават како различни претседатели на партии

Толку е тажно и мизерно во СДС, коалицијата им пропаѓа и им паѓа коалицискиот потенцијал, па спасуваат образ со избришани партии, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата на СДС е се помала. Во прилог на ова соопштение испраќаме решение за бришење на партијата ПЕИ од судскиот регистар на партии од 06.06.2023 година. ПЕИ не постои како партија скоро една година, а СДС кои немаат кого да седнат на коалициски состанок се повикуваат на непостоечка партија. Еве ако СДС се чувствува посигурно нека соберат 100 свои активисти и нека ги претстават како претседатели на различни партии, но и тоа нема да го смени фактот дека ќе извубат катастрофално, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top