Македонија ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ СО НАЈГОЛЕМА ВНАТРЕШНА РЕФОРМА ДОСЕГА: Доктрината открива модел на партија што гради институции, кадар и стандарди

Според извори од партијата, идејата е „да се воспостави култура на одговорност што ќе важи на сите нивоа – од локални комитети до највисоките органи.

ВМРО-ДПМНЕ СО НАЈГОЛЕМА ВНАТРЕШНА РЕФОРМА ДОСЕГА: Доктрината открива модел на партија што гради институции, кадар и стандарди

Доктрината 2025–2030, која се очекува да биде усвоена на Конгресот во Кавадарци, носи радикално нов пристап кон начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира во следните години.

Според извори од партијата, делот за внатрешна реформа е најдетално разработениот сегмент на документот и ја претвора партијата во структура по европски модел со јасни правила, кадровски стандарди и „институционална култура“, нешто што ретко се гледало во политичкиот систем во Македонија.

Партиски извори откриваат дека реформата се движи во неколку јасни насоки.

Прво, поставување стандарди за кадарот. Доктрината бара стратешко градење тимови, јасна селекција, обуки и систем на напредување кој ќе се темели на компетенции, а не на лојалност. „Партијата мора да стане фабрика за знаење, не само структура за изборни циклуси“, стои во документот.

Второ, градење партиски институции. ВМРО-ДПМНЕ најавува воспоставување ресорски центри, аналитички оддели, стручни тела и професионална политичка академија што ќе функционираат како сопствени институции во рамките на партијата со јасни правила, одговорности и резултати. Овој модел, според експертите, е познат во водечките европски партиски системи и ја намалува зависноста од импровизации и ад-хок одлуки.

Трето, внатрешна дисциплина и стандарди на управување. Доктрината воведува правила за отчетност, транспарентност, спречување конфликти на интереси и внатрешен систем за следење на резултати. Според извори од партијата, идејата е „да се воспостави култура на одговорност што ќе важи на сите нивоа – од локални комитети до највисоките органи“.

Четврто, генерациска смена и создавање на нови лидери. Посебен акцент е ставен на младите: обуки, програми, менторство, вклучување во процеси и подготвување за лидерски позиции. „Потребни ни се луѓе што ќе ја носат политиката до 2030 и понатаму“, пишува во документот.

Петто, модерна партиска комуникација. Доктрината најавува дигитализација на партиското функционирање, подобри механизми за комуникација со членовите, модерен медиумски пристап и создавање содржини и алатки што ќе ја направат партијата поотворена за јавноста.

Во документот се потенцира дека реформата е неопходна поради големата улога што партијата ја има во државата како владејачка структура: „Партии што се носители на државност мора да бидат први што градат институционална култура во сопствените редови.“

Според партиски извори, реформскиот дел од Доктрината ќе биде и основа за нови правила на работа, кадровски решенија, внатрешна организација и системи на мерење учинок што ќе се имплементираат постепено во наредните години.

Политиколозите веќе го оценуваат документот како „најконкретниот и најструктурираниот план за внатрешна реформа на една македонска политичка партија“, а дел од нив предвидуваат дека овој пристап може да стане модел и за други партии во земјата.

Најнови вести од Македонија

To top