Македонија ИПИС

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност во број на пратенички мандати споредено со СДСМ

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на изборите би освоила 52 до 54 пратеника, СДСМ би освоила 26 до 30 пратенички места, Левица би освоила 5 до 6 пратенички места, ДУИ 17 до 17 пратенички места, Алијанса за Албанците 3 до 4 пратенички места, Европски сојуз за промени 9 до 12 пратенички места, ЗНАМ 5 до 6 пратенички места.

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност во број на пратенички мандати споредено со СДСМ

Според анкетата на ИПИС за потребите на МРТ 1 може да забележиме дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ споредено со СДСМ во бројот на пратенички мандати би имала двојна предност. Анкетата е спроведена телефонска за периодот февруари / март на 6069 испитаници со маргина на грешка +/- 1 процент и со интервал на доверба 95%.

Во Изборна единица 1 според анкетата на МРТ 1 политичката партија ВМРО-ДПМНЕ би освоила 9 пратеници, СДСМ 4-5, Левица 1-2, ДУИ 2-3, АА 0, ЕСП, 1-2, ЗНАМ 1. Во Изборна единица 2 политичката партија ВМРО-ДПМНЕ би освоила 8 пратенички мандати, СДСМ 4, Левица 1, ДУИ 3, АА 0, ЕСП 2, ЗНАМ 2. Во Изборната единица 3 ВМРО-ДПМНЕ би освоила 12 пратенички мандати, СДСМ 6, Левица 1, ДУИ 0, АА 0, ЕСП 0, ЗНАМ 1.

Во Изборната единица 4 ВМРО-ДПМНЕ би освоила 11-12 пратенички мандати, СДСМ 6-7, Левица 1, ДУИ 0, АА 0, ЕСП 0, ЗНАМ 1. Во Изборната единица 5 ВМРО-ДПМНЕ би освоила 9 пратенички мандати, СДСМ 5-6, Левица 1, ДУИ 2-3, АА 1 , ЕСП 0-1, ЗНАМ 0-1. Во Изборната единица 6 ВМРО-ДПМНЕ би освоила 3-4 пратенички мандати, СДСМ 1-2, Левица 0, ДУИ 7-8, АА 2-3, ЕСП 6-7, ЗНАМ 0.

Вкупните кумулативни резултати во број на пратенички мандати од сите Изборни единици се следниве:

To top