Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ со божиќна честитка

Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, среќен Божиќ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со божиќна честитка

Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, среќен Божиќ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба.

Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера. ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден. Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме.

Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.

Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.

Нека е честит и вековит празникот Божиќ.

Да е вечна Македонија!

Христос се роди! Навистина се роди!

Најнови вести од Македонија

To top