Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС во недостаток на идеи, си најде партнер за насилство во Левица и пудлицата Апасиев

Венко Филипче и СДС по црвениот картон кој го добија од народот во мај, по практикувањето на корупција и криминал сега прибегнуваат и кон насилство, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС во недостаток на идеи, си најде партнер за насилство во Левица и пудлицата Апасиев

Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев.

Филипче и СДС деновиве во Собранието приредија драма, пцовки, или недолично однесување наместо аргументирана дебата.

Ова недолично однесување кое Филипче го манифестира преку својата пудлица Апасиев е сликата за опозицијата во државата.

Сликата која Филипче ја прави е слика полна со навреди кон семејствата на поединци.

Додека СДС и Левица практикуваат навреди, насилство, недолично однесување, ВМРО-ДПМНЕ нуди поинаков пристап кој нуди решенија за граѓаните и за државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема време за ваков примитивен пристап во законодавниот дом и воопшто на општествената сцена. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото недолично однесување на СДС и Левица. ВМРО-ДПМНЕ работи единствено во интерес на граѓаните и државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

To top