Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се партнери во криминалот со ДУИ, сите знаеле за криминалот на Груби и молчеле

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се партнери во криминалот со ДУИ, сите знаеле за криминалот на Груби и молчеле

СДС и ДУИ дозволија да се продлабочи и рашири криминалот и корупцијата во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека СДС и ДУИ знаеле за криминалот на своите функционери и свесно дозволиле да се размрежи и да навлезе во секоја пора во општеството, само за да не падне владата СДС-ДУИ.

-СДС и ДУИ знаеле за криминалот на Артан Груби, знаеле и за Лотарија и црната листа и молчеле, молчеле за коалициски мир и молчеле за да купат ден повеќе за да можат да крадат врз грбот на народот.

Зоран Заев, Венко Филипче, Оливер Спасовски биле први соработници и сојузници на Груби, знаеле за криминалот на Груби, но го толерирале и не го гонеле за да можат заедно да продолжат со матните зделки, тендерите во четири очи, криминалот и корупцијата.

За криминалот алармираше постојано и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите, но институциите под раководство на СДС и ДУИ молчеа и не преземаа мерки.

СДС се партнери во криминалот со ДУИ, додека Груби крадеше Димитир Ковачевски му бил соучесник и му го овозможил тоа.

Македонија со години уназадуваше, додека СДС и ДУИ смислувале начини како повеќе да украдат милионски суми пари на народот.

СДС и ДУИ 7 години не направиле ниту еден проект за општото добро на народот, бидејќи биле фокусирани на себе, своите блиски и функционерите од врхушката на СДС и ДУИ на тоа како лично да се збогатат и станат милионери.

СДС треба да одговори зошто дозволиле и не го спречиле Груби во кражбите, зошто институциите под раководство на СДС и ДУИ не реагирале и дозволиле да се осиромаши народот, уништи системот и колабираат институциите.

Одговорност за криминалот, корупцијата, тендерите во четири очи, матните зделки мора да има.

Одговорност за осиромашувањето на народот, урнисаниот систем, колапсот на институциите, празната буџетска каса мора да има.

Заврши времето како до сега. Сега е време за одговорност, работа, посветеност, просперитет и унапредување на демократијата, велат од партијата.

To top