Македонија Од СДС повторно ја користат секоја трагедија за да соберат поени

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува да користи трагедии за да се промовира

Вчера СДС покажа дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува да користи трагедии за да се промовира

Вчера СДС покажа дека не е повеќе политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашната прес-конференција, Каја Шукова, копираше кампањи кои се веќе видени во регионот, и за целосно да го долови штосот на СДС преку ова се обиде да ја искористи последната трагедија во земјата како повод за внимание и интерес.

Јасно е на сите дека е преземено од Србија, без никаква врска со македонската реалност, и потврда дека во СДС нема автентичност, креативност, идеја, визија, а ниту суштина.

СДС продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да копира и да следи туѓи формати од соседните земји.

Овој настап на Шукова е уште еден пример како старо-новото раководство на СДС создава спектакли кои никому не му будат доверба.

Од СДС повторно ја користат секоја трагедија за да соберат поени.

Темата за насилството врз жените е премногу сериозна за Каја Шукова и СДС да ја користат за вакви перформанси во пресрет на 8 март, ден кога треба да се зборува за вистинска поддршка на жените, за безбедност и еднаквост.

Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативниот и ископиран ПР на СДС и копирани сценарија, и лица од партија кои се занимаваат со имитација на туѓ симболизам, се вели во соопштението на партијата.

Најнови вести од Македонија

To top