Владата предводена од СДС и ДУИ седум години од владеењето имаше само една цел, а тоа е како да полнат џебовите на поединци, наместо да работат на исполнување на европските вредности, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС и ДУИ, со практикувањето само на корупција и криминал, ја врати Македонија многу назад на планот на европските интеграции. Резултат на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ е Македонија да остане на дното на патот кон ЕУ, односно и Албанија да оди напред. Лицата Зоран Заев, Венко Филипче и Артан Груби се креатори на црното сценарио за Македонија. Што направија тие за патот на Македонија кон ЕУ? Прво, лажеа дека Македонија почнала преговори. Второ, практикуваа само корупција и криминал што е сосема спротивно на залагањата на ЕУ. Со ова Заев, Филипче и Груби ставија печат не само на стагнирање, туку и на назадувањето на Македонија, наместо на напредок кон ЕУ. Тие ставија печат на рекордно ниското ниво на доверба во правосудството, уништено здравство, ученици без учебници, низок стандард на живот и слично. Заев, Филипче и Груби се единствените виновници за изгубените седум години на Македонија на патот кон ЕУ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, Филипче Груби се единствените виновници што стигнавме до тоа Албанија да е пред нас. ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво врз вистински вредности кои се во интерес на сите граѓани и Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.