СДС и ДУИ поради нивната неспособност и неодговорност ги затворија граѓаните во „државен притвор“. Им наметнаа на граѓаните обврска за промена на личните и патните исправи со рок и не направија никаков план како тоа да го спроведат, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Напротив постојат основани сомненија дека за да направат сопки на техничкиот министер од опозицијата свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ. За ова малтретирање на народот мора да има одговорност. Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо. СДС и ДУИ нека престанат да се инаетат и да работат спротивно на интересите на својот народ. Еднаш барем нека бидат разумни. Доволно штета направија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Македонија никогаш не било полошо, како сега со ДУИ и СДС на власт. Затоа е важно да ги поразиме, додаваат од опозициската партија.