СДС да го поддржи предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите, народот не смее да биде заробен со месеци, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Над милион наши сограѓани немаат пасош, и тие се заробени и им е ограничено движењето, главен виновник за тоа е СДС. Спасовски и Ковачевски знаеја дека ќе дојде до крах на системот и направија две клучни грешки: 1. 2 и пол години издаваа пасоши чија важност знаеја дека ќе истече пред времето на кое се издадени заради договорот што го потпишаа и така директно оштетија стотина илјади граѓани. 2. Пред формирање на техничка влада ја оставија државата без обрасци за пасоши, мислејќи дека ќе креираат тензија. Заради СДС сега има неколку стотина илјади пасоши помалку издадени од тоа што можело да се издадат, со постоечките капацитети. Дополнително заради нив има и општ застој, затоа што имале доволно време да ги зголемат капацитетите, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За народот нема друго решение, освен предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи важноста на пасошите. Народот не смее да остаме заробен без можност слободно да се движи. Народот со право вели дека немаме држава и таа треба да се врати, додаваат од опозициската партија.