Скандалозни случувања на Онкологија нешто повеќе од две години за кои зборуваше целата јавност, а пациентите сведочеа на истите. Власта предводена од СДС и ДУИ едвај собра сили по две години, или минатата година во септември, да го обелодени скандалот. Но, и по четири месеци од обелоденување на истиот нема ништо конкретно, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи тргна во решавање на Онкологија. Прашањето е, зошто овој случај се ставаше под тепих? Случувањата на Онкологија од вчера покажуваат само една работа – дека власта на СДС и ДУИ не се грижи за ништо, односно ниту еден скандал во здравството нема разрешница и се сѐ движи многу споро, а цената ја плаќаат граѓаните. Едноставно се чекаше техничка влада и технички министер да се размрдаат работите. А, постапката за откривање на случувањата на Онкологија требаше да биде завршена уште вчера. За неефикасноста на системот, ненавремените активности во клучните области како внатрешни работи, обвинителство, судство одговорни се СДС и ДУИ. На власта предводена од СДС и ДУИ како да не и се работеше, како да не фаќаше да сработи ништо од што нема корист. Како да се чекаше на техничка влада и технички министер за да се размрдаат работите. Секој сторител на казнено дело треба да се најде пред лицето на правдата. За седум години владеење, СДС и ДУИ правдата ја ставија на страна. Одговорност мора да има, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Во здравството никогаш не било полошо, никогаш не било полошо во институциите на системот! Важно е да ги поразиме! Порашаа од опозициската партија.