Македонија „Важно е да ги поразиме“

ВМРО-ДПМНЕ: По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ

„Очигледно е дека власта не смее да го промени статус квото во М-НАВ, СДС заради ден повеќе власт молчи на секој испад на ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – посочија од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ

По две недели уште нема разрешница за упадот во М-НАВ, власта ги спасува бандитите на ДУИ. Од директори од ДУИ, до напаѓачи од ДУИ до обезбедување блиско до ДУИ, сите патишта од упадот во М-НАВ водат кон ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бандитите од европската ДУИ го загрозиле авиосообраќајот, само затоа што вработените не го прифаќале диктатот на власта за партиските вработувања на ДУИ. Агенцијата за обезбедување блиска до ДУИ не го заштитила објектот и дозволила влез на бандитите кои тепале вработени. М-НАВ наместо да го раскине договорот со Агенцијата за обезбедување, тие и понатаму продолжуваат да ги користат нивните услуги, иако истата не била на висина на задачата, велат од партијата.

„Очигледно е дека власта не смее да го промени статус квото во М-НАВ, СДС заради ден повеќе власт молчи на секој испад на ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – посочија од партијата.

To top