Македонија Св. Богородица - Калишта, Струга

ВМРО-ДПМНЕ организира трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!”

На настанот свечен говор пред присутните ќе има и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ организира трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!”

Утре (24.05.2024) во 13:00 часот, во црквата Св. Богородица – Калишта, Струга, ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

Во рамки на свеченоста ќе се одржи трибина под наслов “Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!” на која ќе се обратат:

-Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,

-Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски – Скопје,

-Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ – Скопје.

На настанот свечен говор пред присутните ќе има и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top