Целосен хаос во судството во Македонија. Еден ден се разрешува, друг ден се поништува таа одлука на разрешување, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Последниот пример кој Управниот суд го донесе решението за поништување на одлуката за разрешување на Весна Дамева од позицијата претседател на Судскиот совет е само уште ден доказ за катастрфата која се случува во судството. Судскиот совет, тело кое треба да одлучува и суди за работата на судиите во Македонија, прерасна во циркус во кои главни улоги ги толкуваат нарачателите и стопаните од ДУИ и СДС. Да имаат грам достоинство членовите на судскиот совет уште вчера ќе си поднесеа оставка. Впрочем работата на правосудните органи, вклучително и Советот беа критикувани и во најлошиот извештај од ЕК, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Токму затоа, поради овој хаос во судството и обвинителството народот има 1% доверба во судството, децидни се од опозициската партија.
7 години на ДУИ и СДС без реформи во судскиот и обвинителскиот систем. За ова јавно критикуваа и од меѓународниот фактор. Единствените реформи на власта на ДУИ и СДС во судството се заканите и уцените кон судиите, разрешувања и прераспределби на неподобни судии и нивна казна. Со ДУИ и СДС, граѓаните не можат да очекуваат независен правосуден систем во државата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, порачаа од опозицијата.