400 денари повеќе на сметката за струја за граѓаните е новогодишната честитка од оваа неспособна власт, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Иако со денови и месеци се обидоа да го сокријат покачувањето, сепак власта на СДС и ДУИ удрија по џебот на граѓаните со повисоките сметки за струја од јануари 2024 година. Покачувањето ќе го плаќаат сите граѓани кои своите домови ги затоплуваат со електрична енергија. Толку од грижата на власта за животната средина и намалувањето на загадувањето. За над 120 денари ќе биде зголемувањето само во 3тиот блок и на истото ако се додаде и новата давачка т.н мрежарината на Бислимовски која ќе изнесува 250 денари, доаѓаме до покачување од 400 денари. Не поминуваа фалбите на ДУИ и СДС за субвенционирање на сметките за струја, кога тоа субвенционирање го плаќаат граѓаните самите. Наместо изминатите 7 години да се изградеше некој енергетски капацитет, власта парите ги трошеше за полнење на своите џебови преку тендерите во РЕК и партиските вработување во енергетските компании, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сметките за електрична енергија овие 7 години се зголемина за над 50%, а инвестиции во енергетиката нема. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.