Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не било полошо во Македонија отколку сега со Ковачевски, неговите две години мандат се изгубени за граѓаните

Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран, е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Овие две години беа години на порази и неуспеси. Два километри автопат не успеаа да завршат кон Блаце, а автопатот од Кичево кон Охрид заврши само со “Стани Благој да те види сала“. Целиот мандат на Ковачевски беше обична фасада и гол пи-ар без суштина. Оваа фасада не успеа да го покрие фијаското со правосудството кое се распаѓа со доверба од едвај 2%. Од сите страни кипе криминал и корупција, а на врвот на оваа пирамида се наоѓаат функционерите на ДУИ и СДС. Впрочем за сеприсутната корупција нотираше и последниот извештај на ЕК, кој е убедливо најлошиот кој го добила Македонија. Листата на скандали на оваа власт нема крај, “Канцер Мафија на Онкологија“, “Лoтарија+Груби“, стотици милиони евра за коридори кои немаат ни лопата асфалт ставено, протести на пензионери за прв пат во историјата, убедливо најлош раст на БДП во регионот, мафијашки пресметки среде град, недостаток на учебници за учениците, штрајкови на здравствените работници, вработените во судовите, во администрацијата, рекордна инфлација која е двојно поголема од европскиот просек и што ли уште не, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сето ова покажува дека во Македонија со Ковачевски никогаш не било полошо. Затоа важно е, СДС, ДУИ и Ковачевски да ги поразиме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top