Премиерот Мицкоски во Брисел на состанокот ЕУ – Западен Балкан и на средба со Калас, со цел ЕУ да го забрза процесот за прием на Македонија. Државата е ставена на брза трака кон ЕУ. МЗШВ исплати 40.514.921,00 денари зa мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата ги има за фокус земјоделците и производството на храна. Министерот Љутков најави дека Фондот „Еуроимаж“ е чекор поблизу до финансирање телевизиски серии во земјава. Културата е значаен сегмент кој мора да се унапредува. Министерот Мисајловски вети продолжување на инвестициите и вложувањето во одбраната и во 2025 година, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Македонија оди забрзано напред, инвестиции и посветеност на сите полиња.