Македонија вмро дпмне

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заробена држава, со која владеат корумпирани политичари

Македонија е заробена држава, со која владеат корумпирани политичари, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е заробена држава, со која владеат корумпирани политичари, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Како до сега“ е фразата која ќе одзвучува во главата на секој еден граѓанин, кој 7 години од својот живот ги помина под власта на СДС и ДУИ, и од ден во ден осиромашуваше, додека власта се богатеше. Ковачевски со Ахмети функционира „како до сега“. Нема одговорност за криминалите на ДУИ. Ниту еден функционер од ДУИ да одговара или да лежи во затвор, тие што по некоја случајност ќе завршат може да избегаат. Роднините на функционерите на ДУИ се богатат и трупаат портфолио на фирми со богат имот и големи обрти. Фирмите донатори на ДУИ се главни добитници на тендерите во институциите водени од ДУИ. Братот на Ахмети, таткото на Дрин, му седи на глава на обвинителот за организиран криминал. Судството е на наковална, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

7 години, „како до сега“ резултираше со осиромашен народ. Додека Македонија има само 20% раст на БДП по глава на жител во периодот од 2017 до 2023, сите држави од регионот имаат 50% и повеќе. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме! Порачаа од опозициската партија.

To top