Лажниот патриотизам на ДУИ се докажа, Артан Груби ставен на црна листа на САД, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Со ставањето на Артан Груби на црна листа на САД, заедно со судијата Енвер Беџети, се докажа партизирањето на државата од страна на ДУИ. Енвер Беџети судијата кој го држеше случајот за Мијалков во фиока, ја докажува партизираноста на судството. Судиите подржани од Артан Груби и ДУИ, полека завршуваат на црната листа на САД, заедно со членови од ДУИ. Артан Груби и Енвер Беџети, како и други членови на ДУИ кои се на црната листа на САД, се срам за државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.