Ковачевски, освен македонскиот народ, ги понижи и пратениците на СДС, кои гласаа за командант Форина, да стане премиер на Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски ја предаде власта, за да остане барем со уште неколку министри во владата, која ја имаше под своја контрола ДУИ, преку која успеа, да приграби милиони евра, пари на граѓаните. До сега Македонија, немала ваков неважен лик во својата влада како Ковачевски, кој дури успеа и коридорите, кои треба да се градат, а се под Министерство за транспорт и врски, да му ги преземе Артан Груби, кој се само назначи за координатор на истите. Истиот тој, инсталиран лидер на СДС, одмолчуваше за сите можни криминали на ДУИ, кои се случија, од купувањето на имоти на роднини на Груби и Ахмети, во строгиот центар на Скопје, до насилничкиот упад во М-НАВ, на неговите газди. Граѓаните и членовите на СДС, ќе го паметат како најнеспособниот премиер на Република Македонија, човекот кој немаше глас и кој на ДУИ им ја поклони државата, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорот ќе пристигне од страна на граѓаните за неколку месеци, а потоа следува одговорност и чесен начин на водење на Македонија. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме! Порачаа од опозициската партија.