Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР јасно констатира дека власта е неподготвена, неспособна и криминална, затоа 7 години нема изградено 1 километар автопат

Недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата. Оваа состојба предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците, стои во Извештајот на Државниот Завод за ревизија за работата на ЈП државни патишта во 2022 година. ДЗР буквално кажува дека владата нема поим што прави, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР јасно констатира дека власта е неподготвена, неспособна и криминална, затоа 7 години нема изградено 1 километар автопат

Како СДС и ДУИ работат може да се види по 2 километри ветен автопат од Скопје кон Блаце кој со години никако да го направат.

7 години власта не може да го заврши автопатот Кичево – Охрид.

Понатаму ДЗР констатира утврдува дека има неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Едноставно кажано власта краде и од залихите на претпријатијата.

Каде завршиле залихите на ЈП Државни патишта за кои ДЗР утврдило дека недостасуваат?

Нема сегмент во кој власта не прави криминал. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, стои во соопштението на партијата.

Најнови вести од Македонија

To top