Соработката е поттикната од определбата да се издигне Македонија од состојбата на постојано деградирање, девастирање и економско осиромашување. Да се престане со ударите и поразите околу идентитетско и политичко обезличување како и да се реализираат стратешките интереси на државата преку запазување на идентитските линии важни за македонскиот народ.
Коалицискиот договор за заеднички настап на парламентарните и претседстелски избори ќе биде потпишан во наредните денови, со што ќе продолжи успешната соработка, започната од предходините локални избори, а јавноста ќе биде во целост информирана.