Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот против мигранти, а во владата на Заев туркал мигрантски камп во Бардовци

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот против мигранти, а во владата на Заев туркал мигрантски камп во Бардовци

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

За време на владеењето на СДС, Зоран Заев заедно со Венко Филипче имаа партиска и државна политика за населување на мигранти, истите оние мигранти кои се проблематични низ Европа. Филипче и Заев не само што биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, туку и во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци. Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на Владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци. СДС и Филипче прават конструкции и смислуваат приказни и покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадор негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија. Филипче и Заев да одговорат колку мигранти биле спремни да примат и колку ќе профитирале со тој чекор? Од што се плашат Заев и Филипче па константно конструираат приказни? Дали Филипче е толку гласен за мигрантите поради тоа што знае дека договарал носење на мигранти за истите суми кои тој и медиуми блиски до СДС сега ги вадат во јавноста? Дали Заев и Филипче во обид да го затскријат својот криминал се обидуваат друг да наместат? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да креираат приказни, конструкции и шират паника кај населението, СДС и Филипче нека се посветат да си ја реформираат партијата. Единствени мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои им бегаат во други партии, додаваат од владејачката партија.

To top