Македонија М-НАВ

ВМРО-ДПМНЕ: Европска правда, ама по теркот на ДУИ, Беким делеше шамари и се прошета до Шутка – денес е дома

Гласот за СДС и ДУИ е глас за тепачите како Беким Незири да бидат на слобода, а обичниот граѓанин за пет ќебапи да лежи во затвор. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Европска правда, ама по теркот на ДУИ, Беким делеше шамари и се прошета до Шутка – денес е дома

Европска правда, ама по теркот на ДУИ, Беким делеше шамари и се прошета до Шутка, денес е дома. Беким Незири ги предводеше бандитите од ДУИ при упадот во М-НАВ, го загрози воздушниот простор на Македонија, стави во опасност цивилни слетувања и прелети и НАТО авиони, и наместо брза постапка и одговорност, судството на ДУИ го пушти дома, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заради одлуките како таа за Незири судството има 2% доверба, затоа што СДС и ДУИ го имаат окупирано системот, и за нив не важат законите.

Како судот се увери дека Незири ќе биде достапен, дали истиот ќе биде достапен како и неговиот сопартиец и избеган од затвор Исмет Гури?

Со секој поминат ден СДС и ДУИ му даваат нови причини на народот зошто повеќе никогаш да не даде глас за нив.

Гласот за СДС и ДУИ е глас за тепачите како Беким Незири да бидат на слобода, а обичниот граѓанин за пет ќебапи да лежи во затвор. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“ – велат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top