Да се провери дали Ковачевски пред настапот на трибината, бил на вински саем. Зошто ако не бил, немаше да кажува глупоости, дека откако тој е премиер, платата скокнала на чудесни 630 евра, на портите сме пред рајот и дека новото нормално е блаженството, кое секој сака да го достигне со СДС, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите искажани од страна на претседателот на владата Димитар Ковачевски на трибина во Кочани.
-Единствено со што Ковачевски порасна, покрај криминалот е инфлацијата, цените на производите и сиромаштијата. Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани. Со само 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки и факт е дека никогаш не било полошо. Затоа, важно е да бидат поразени, истакнуваар од ВМРО-ДПМНЕ.