Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз.
Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин?
Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС?
Многу е јасно и надвор од здрав разум, дека некој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој кој го рекетира без да ја знае позадината на рекетарот. ЈО да не крие и да каже која е заштитата на рекетарот и со кого се претставувал истиот, дали се тоа Заре Милошевски и Миле Зечевиќ?
Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт. Никој не е безбеден со оваа криминална банда на власт. Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде на граѓаните. Иднината е во рацете на народот, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.