Повторно се докажа дека СДС шири лажни вести и ја манипулира јавноста. Државниот инспекторат за животна средина утврди дека цијанид во водите на Крива река, нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС, Сашко Митовски, велеше дека за 100 пати над дозволеното имало цијанид во водите на Крива река. За овие изнесени лаги и ширење на паника меѓу сограѓаните, кривично се одговара. Митовски за политички поени во пресрет на локалните избори, свесно ширел паника и невистини во Крива Паланка. Сепак, за среќа на жителите на Крива Паланка, но и на граѓаните на Македонија, цијанид во Крива река нема над дозволеното, посочуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Митовски треба кривично да одговара за свесно ширење на паника со цел собирање на политички поени“.