Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Боро Марлборо од СДС главен на група која тргувала дрога, соработниците на Ковачевски најголеми криминалци

Боро Марлборо од СДС главен на група која тргувала дрога, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера во акција на МВР е приведен Боро Стојчев – Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, кој веќе беше во затвор за шверц на цигари, тој беше осуден на 18 месеци затвор, а излезе за половина година поради намалување на казната. СДС кои преку системот кој го контролираат го амнестираа Боро Марлборо за шверцот со цигари, сега е главен трговец со дрога. Имено според информациите кои излегоа во медиумите Боро Марлборо е под сомнение дека е главен на групата која тргувала со дрога. Се поставува прашањето дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС е партија каде криминалот е силна страна на нејзините врвни функционери. Соработниците на Ковачевски се најголеми криминалци. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, додаваат од опозициската партија.

Најнови вести од Македонија

To top