Лукаревска да не ја манипулира јавноста и да признае дека УЈП под нејзино раководство исплатило 22 милиони евра на две фирми од струмичко по основ на фиктивни фактури за поврат на ДДВ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ако Лукаревска и понатаму тврди негира, нека одговори по кој основ АКТИКО/ОКИТНА од Струмица и ХАНТОНОС/ХАНТ ОСОЈ од Босилово се на листата на должници на УЈП? Ако УЈП не извршила исплата и ако се било фиктивно, тогаш по кој основ сега на фиктивни фактури им бара данок на фирмите? Врз основа на што Лукаревска побарува 11, односно 12,2 милиони евра од Актико и Хантонос? Според документите, тоа се поклопува со парите коишто биле побарувани за поврат на ДДВ, а во документите пишува дека со увид во книгите на УЈП и поднесените пријави, констатирано е дека фирмата користела право на одбивка на данок. Зошто ако е се фиктивно овие фирми се појавуваат на листата на должници? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Лукаревска да не манипулира и да понесе одговорност. Парите на граѓаните се предмет на кражби и манипулации. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачуваат од опозициската партија.