Македонија АНКЕТНА КОМИСИЈА

„Власта на СДС и ДУИ ако сака да излезе на виделина вистината за Онкологија, треба да го поддржи продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија, во спротивно само ќе потврди дека се дел од канцер мафијата“ – порачува ВМРО-ДПМНЕ

Новите сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнуваат потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на Комисијата.

„Власта на СДС и ДУИ ако сака да излезе на виделина вистината за Онкологија, треба да го поддржи продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија, во спротивно само ќе потврди дека се дел од канцер мафијата“ – порачува ВМРО-ДПМНЕ

Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности. Истите можат да придонесат до конечно утврдување на прекршување на правните норми како основ за утврдување на политичка одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, минатата недела беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија. Од истите може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за владеење на канцер мафијата, а за истите мора да има истрага и одговорност. Новите сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнуваат потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на Комисијата. Оттука Комисијата треба да продолжи со работа дополнителни 30 дена во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта ќе докаже дека е вмешана во скандалот ако не се согласат да се продолжи рокот за работа на Анкетната комисија,

-Меѓудругото, Извештајот од вонредниот надзор кој беше објавен минатата недела јасно укажа дека „на нарачките кон добавувачите може јасно да се види цената по која се набавуваат (набавна тендерска), која најчесто е повисока од одобрената со согласност од ФЗО“, како и дека „на пресметките кон Фондот за здравствено осигурување за овие лекови во најголем процент – цената која се фактурира заедно со пакет е повисока од одобрената со согласноста од 15.02.2023“. Доколку власта предводена од СДС и ДУИ сака да излезе на виделина што точно се случувало на Онкологија треба да го поддржи предлогот за продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија. Во спротивно само ќе потврдат дека се дел од канцер мафијата. Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top