Македонија Платформа 1198

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 50 милиони евра за спортот преку спортски денар и ќе изгради спортски комплекс во Скопје и Битола“

Спортскиот комплекс во Скопје кој ќе го носи името Национален спортско комплекс „Методија Андонов Ченто“ ќе има фудбалски стадион, спортска сала, неколку помали сали, конференциски сали, фитнес сали, спортска медицина и спортски музеј, како и простор за спортските федерации, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 50 милиони евра за спортот преку спортски денар и ќе изгради спортски комплекс во Скопје и Битола“

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 50 милиони евра за спортот преку спортски денар, и ќе изгради спортски комплекс во Скопје и Битола. Во еден четиригодишен мандат ќе бидат одвоени над 50 милиони евра за спортот, во форма на спотски денар од секој литар наточено дизел гориво. Овие пари ќе бидат наменети за имвестирање во спортска инфраструктура, помош на професионалниот и масовен спорт, како и континуирана едукација на наставниот кадар во науката за спорт, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Платформа 1198 / Спортски денар

Истакнаа дека, како врвен приоритет на идната владата ќе бидат двата спортски комплекси во Скопје и Битола. Спортскиот комплекс во Скопје кој ќе го носи името Национален спортско комплекс „Методија Андонов Ченто“ ќе има фудбалски стадион, спортска сала, неколку помали сали, конференциски сали, фитнес сали, спортска медицина и спортски музеј, како и простор за спортските федерации.

Платформа 1198 / Национален спортски комплекс

Спортскиот комплекс во Битола ќе опфаќа повеќе објекти од спортската инфраструктура кои и недостасуваат на Битола и регионот. Време е Македонија да почне да напредува и победува. Македонија повторни твоја! Промените во твои раце! – стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

To top