Владата за разлика од СДСМ постепено прави структурни промени се со цел да се најдат соодветни кадри, во интерес на граѓаните. Владата брзо се постави на шините. Основите на функционирање се поставени во работењето на Владата. ВМРО ДПМНЕ може да се споредува само со ВМРО ДПМНЕ, а за со СДСМ секако дека нема дискусија ниту простор за споредба, рече аналитичарот Владимир Божиновски на гостување на тв Телма во емисијата Топ тема.
Иако СДСМ успеа да ја испразни касата на Република Македонија со нивната тотална неспособност, посочи Божиновски, ВМРО ДПМНЕ 100% е посветена за да направи спротивна состојба.
-Целта е да има позитивна слика кога ќе се зборува на тема буџет. Премиерот покажа умереност, иако се работи за краток период, премиерот не изнесуваше лаги, туку зборуваше со факти како и реално направени проекти. Премиерот стави јасно до знаење дека нема да дозволи теми кои ќе поларизираат, како одговорна Влада очекуваат натпреварување за подобри проекти , за правење на проекти кои ќе донесат добро на граѓаните, кажа Божиновски.
Според него токму поради ваквите размислувања и однесувања Мицкоски е лидер на политичката сцена во Република Македонија и ја има довербата од граѓаните.
-Така е зошто ВМРО ДПМНЕ зборува за реални проекти, а не добивање нечесни поени со теми кои се однесуваат на националност. Тоа најдобро знае да го прави Ахмети, за да може фамилијарните бизниси да им се зголемуваат но граѓаните се умни и не наседнуваат на неговите нечесни и бедни НЕПОЛИТИКИ. За граѓаните е важно да постои напредок во економија, подобар живот, а не нечесни политики спроведувани од Ахмети. ВМРО ДПМНЕ работи и ќе на вработување квалитетни луѓе, не на вработување по етнички основ, зашто ВМРО ДПМНЕ работи 100 % посветено за тебе, за сите нас, за Република Македонија заклучи Божиновски.