Македонија втор пат во низа: ленче на катица извиси, пак...

Вистината на виделина: Нема политички притисоци врз работата на обвинителката Ленче Ристоска, утврди Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кои таа ги оцени за притисоци со кои се нарушува нејзината самостојност во јавнообвинителската работа. Во иницијативата, Ристоска навела дека нападите кон неа се од структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

Вистината на виделина: Нема политички притисоци врз работата на обвинителката Ленче Ристоска, утврди Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка и несудена државна јавна обвинителка Ленче Ристоска во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кои таа ги оцени за притисоци со кои се нарушува нејзината самостојност во јавнообвинителската работа. Во иницијативата, Ристоска навела дека нападите кон неа се од структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

Постапувајќи по известувањето што Ристоска го достави до Советот на јавни обвинители во јануари годинава, обвинителскиот совет на денешната седница едногласно заклучи дека немало надворешно влијание врз работата на обвинителката, ниту, пак, дека е загрозен нејзиниот професионален интегритет.

Членката на Советот, Маријана Илиевска, образложи дека е утврдено оти јавните изјави на премиерот не биле директно поврзани со конкретни дејствија кои би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката Ристоска.

„Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што истиот ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејствија кои би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување“, рече Илиевска.

Најнови вести од Македонија

To top