Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани, во денови кога Македонија молчи најгласно и е завиена во црнина, на некого му дошло до огномет.
Од нашето видео може да се види огромен огномет кој доаѓа од Градскиот парк, а според информациите од СВР Скопје до кои дојде КУРИР, малолетник правел приватна забава во кафуле во градскиот парк, близу кејот на Вардар.
Граѓаните се изненадени од овој чин.