Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, оценувајќи ја како храбар чин со висок политички интегритет.
Во објава на Фејсбук, тој напиша:
-Почит и благодарност за твојот непоколеблив став, драга Мимоза. Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет пред 107.000 наши избирачи и на идеалите за промена. Ти си најдобриот пример за чесно претставување, каде што зборот, ставот и делото одат заедно. Ти си инспирација за младите генерации кои треба да научат дека политиката не само што може, туку и мора да биде чесна. Честитки за твојот интегритет и храброст. На Албанците им се потребни гласови како твојот!“
Инаку претходно пратеничката од редовите на Алијанса за Албанците објави дека останува во парламентарното мнозинство како дел од Коалицијата ВРЕДИ.