Македонија министерство за социјална политика, демографија и млади

Велковски: Заедно можеме и ќе обезбедиме еднакви можности за сите

Состанок со Националниот совет на инвалидски организации на Македонија.

Велковски: Заедно можеме и ќе обезбедиме еднакви можности за сите

Денеска, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, остваривме состанок со Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, објави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика.

-Разговаравме за реалните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост и за конкретни чекори што треба да ги преземеме за тие да добијат поддршка, достоинствен живот и вистинска можност да учествуваат рамноправно во сите сегменти на општеството, потенцира Велковски.

Тој заклучи дека, заедно со организациите што ги застапуваат нивните интереси, посакавме партнерство засновано на доверба, системска поддршка и јасна политичка волја. И во иднина ќе работиме на зголемување на финансиската и институционалната поддршка што ја добиваат.

Средбата е дел од една поголема заложба, да изградиме инклузивно, праведно и хумано општество, каде никој нема да биде оставен на маргините. Заедно можеме и ќе обезбедиме еднакви можности за сите, истакна Велковски.

Најнови вести од Македонија

To top