Пред 11 години на денешен ден, по долго боледување почина актерот Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар – Скопје.
Ѓорчев од 1987 година работел како актер во Драмски театар – Скопје.
Остварил голем број главни и споредни улоги, во матичниот театар и во сите театарски институции во државата. Во 2006 година бил избран за директор на Драмски театар, а во 2010 реизбран на функцијата.
Добитник бил на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2012 година, за долгогодишни остварувања во културата. Ѓорчев бил роден 1962 година во Неготино.