Македонија ЦУК

Вчера во Македонија имало 40 пожари: Денес се активни 9, еве каде гори

-Дождот кој врне локално засега не ни помогна никаде. Косел моментално е под контрола, има горење само во еден дол. Има доволно ресурси на терен, изјави директорот на ЦУК Ангелов. 

Вчера во Македонија имало 40 пожари: Денес се активни 9, еве каде гори

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари на отворено, од кои во моментов девет се активни, пет се под контрола, додека 26 се изгаснати, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Посочи дека активни пожари има во општина Македонски Брод измеѓу село Тажево, село Брезника и Кракот кон Јасен, во општина Пробиштип кај селата Зелениград и Јамиште, како и кај селото Долно Барбарево, во општина Пласница помеѓу селото Пласница и селото Латово, во општина Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина, во општина Зелениково измеѓу Смесница, Страхојадица и Градовци, во општина Охрид измеѓу Косел, Волино и Опеница, во општина Студеничани кај селото Вреќица, како и во општина Ново Село кај селото Бадилен.

Пожарите кај селата Негрево, Пресека, Татомир, Грешница и Патетино се ставени под контрола, рече Ангелов, додека изгаснати се во општина Свети Николе кај Долно и Горно Ѓуѓанци, општина Старо Нагоричане кај селата Малотино и Жегљане, во општина Липково кај селата Слупчане, Лојане, Ваксинце и Матејче, општина Радовиш на улицата Тоцко Андонов, во општина Боговиње кај селото Горно Седларце, општина Виница кај Виничко поле, општина Гостивар кај селото Дебреште, општина Струга кај село Ложани, како и на патот Струга – Калишта, во општина Дебар кај селото Блато и Спас, во општина Кичево кај селата Зајас, Мамудовци и Долно Пашино, општина Охрид на улица Јовица Новичич, во општина Сарај кај селото Горни Крушопек, Семениште, Рамниште и Копаница, во центарот на Скопје под Калето кај резиденција на МПЦ, во селото Студеничани, во општина Шуто Оризари на улица Гвадалахара, во општина Петровец кај селото Ржаничино, како и во општина Бутел кај селото Љуботен.

-Дождот кој врне локално засега не ни помогна никаде. Косел моментално е под контрола, има горење само во еден дол. Има доволно ресурси на терен, изјави директорот на ЦУК Ангелов.  (МИА)

To top