Македонија Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

ВАЖЕН АПЕЛ: Македонските државјани веднаш да ја напуштат Сирија

ВАЖЕН АПЕЛ: Македонските државјани веднаш да ја напуштат Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.

-Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија. Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ), велат од министерството.

To top