Се што ВМРО-ДПМНЕ зборуваше од опозиција, го потврди и Стејт Департментот. Артан Груби и Енвер Беџети се најдоа на црната листа на САД, се вели во Фејсбук статусот на Светилсав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ со години ја имаа заробено државата преку судството и обвинителството, кои им беа продолжена рака за правење пазар. Сега јасно се гледа дека и театарот пред Уставен суд е за спас на политичката функција на поединци. Ова е порака до сите извршители на ДУИ и СДС во судството, дека се се знае и дека ќе треба да се сносат со последиците од нивното слепо послушништво. Битката за владеење на правото во Македонија само што почна. Политичките криминалци ќе бидат поразени, а Македонија ќе застане на здрави темели, истакна Васев.