Во време на хибридни закани и напади, во време на брзиот напредок на ИТ индустријата и подемот на вештачката интелегенција, поставување соодветна Национална стратегијата за сајбер безбедност и дефинирање на јасен Акциски план мора да биде национален приоритет од витално значење за заштита на безбедноста на државата и граѓаните, потенцираше Заменикот министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски при фицијалниот почеток на работа на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност.
-Македонија мора да остане посветена на зајакнување на националните капацитети за сајбер безбедност со цел обезбедување безбедност и отпорност на суштинските и важни субјекти, мрежи, информациски и комуникациски системи. Заеднички мора да работиме на креирање општество отпорно на сајбер закани, да го минимизираме влијанието на инцидентите во сајбер просторот, како и да работиме на национална и меѓународна соработка на оваа поле со нашите стратешки партнери следејќи ги меѓународните стандарди, истакна тој.