Денес во соработка со Град Скопје, друштвото РИБАР 2011 изврши порибување на реката Вардар со 560 кг подмладок од крап со просечна тежина од 500-800 грама.
-Се замолуваат рекреативните риболовци, посебно во центарот на Скопје, да ги вратат сите случајно уловени примероци на подмладок на крап. Контролата ќе биде засилена во наредните денови на тој потег. Бистро и чесно на вода!