Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички обоена до „коска“ реакција во која буквално кенка и оценува дека барањето Европскиот совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија да ти бил обид нашата држава да почне преговори со ЕУ без да го исполни условот од Преговарачката рамка – Бугарите да влезат во Уставот, „услов“ кој ни го смесија Заевци.
-Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, поднесе предлог за амандман на својот последен извештај, со кој го доведува во прашање вториот протокол кон Договорот меѓу Бугарија и Македонија, кој самата ЕУ го посочи како дел од Преговорната рамка. Со амандманот 108, Вајц предлага текстот на идната резолуција да биде напишан така што Европскиот парламент „ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености во врска со правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во врска со процесот на пристапување“.
„Текст што звучи безопасно сам по себе, но зошто е пречка?“, прашува ступидно БГНЕС. Протоколот експлицитно наведува дека следната меѓувладина конференција, која ја завршува фазата на отворање преговори, ќе се одржи дури откако Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот устав, објаснува инструментализираниот медиум. Протоколот беше усвоен во рамките на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија според член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, одржан во Софија на 17 јули 2022 година. Од октроираните Зевци и Тачевци, се разбира. Од кој друг…
Целта на овој текст е да се започнат преговори за пристапување на Македонија без Скопјe да ги исполни своите обврски и пред Бугарите да бидат вклучени во нивниот основен закон (мало сутра, што би рекол оној истиот што ги прифати глупоштиите). Не може, а да не предизвика загриженост тоа што барањето на Томас Вајц целосно одговара на политиката на северно македонскиот премиер („На мајка ви северномакедонски“, реагираа Македонците на социјалните мрежи), како и на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, коментира во памфлет-анализата инструираниот БГНЕС.
Медиумот манипулаторски притоа потсетува дека минатата година, поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која, замислете, демек била поврзана со поранешниот премиер Никола Груевски, покренала постапка за оспорување на вториот протокол.
-Нејзината жалба беше прифатена на разгледување од страна на Уставниот суд на Македонија во краток рок. Поповска тврди дека протоколот е во спротивност со Уставот, има неточна правна форма и влијае на прашања поврзани со идентитетот. Сепак, судот не се изјасни за него ни половина година подоцна. Тука се поставува разумното прашање дали известувачот на ЕП сака правната служба на Советот да донесе одлука наместо Уставниот суд во Скопје, така што евентуалната поволна оценка во корист на Македонија би се претставила како „европска“ одлука, а не како обид на земја-кандидат да ги заобиколи условите, пишува превентивно ултра-шовинистичкиот БГНЕС.
БГНЕС во уплав, исто така потсетува на ставовите на Македонија во врска со процесот на подготовка на минатогодишниот извештај за Македонија, повторно напишан од Томас Вајц, од кој стана јасно дека македонскиот премиер однапред имал доверливи внатрешни информации во реално време за текстовите во документот. Во својот извештај оваа година, Вајц го повторува својот повик „за зајакнување на способноста на ЕУ да дејствува преку воведување делумно гласање со квалификувано мнозинство во областите поврзани со процесот на пристапување, вклучително и со укинување на барањето за едногласност во средните фази од процесот на проширување за одлуки за отворање и затворање на поединечни преговарачки групи и поглавја…“
Но, она што многу ги иритира шовинистичките ајвани во Софија е амандманот 214, во кој известувачот ја нагласува „обврската на сите земји-членки на Советот на Европа, вклучувајќи ги земјите-членки на ЕУ, како и земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки, брзо да ги спроведат преостанатите пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕКЧП)“, додавајќи дека сите законски измени мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди, препораките на Венецијанската комисија и Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ). 17 на број за Македонците во Бугарија. Ни помалку, ни повеќе.
-Загриженоста на Вајц за спроведувањето на пресудите на ЕКЧП е пофална, но ваквите формулации немаат место во документ чија единствена функција е да ја утврди подготвеноста на Скопје да биде дел од демократските европски држави (демек тие да ти биле демократска држава). На сите им е јасно дека иако „земјите-членки“ не се експлицитно споменати, текстот на Предлогот 214 јасно се однесува на Бугарија и групата случаи на ОМО „Илинден“ во ЕСЧП. Неприфатливо е известувач на Европскиот парламент да наметнува обврски на земја-членка или да ја оценува во рамките на извештај за земја-кандидат (па нели бевте демократија). Овие текстови се целосно во согласност со реториката на Скопје, со која Вајц ги доведува во прашање веќе договорените елементи на преговарачката рамка (од Заевци), а од друга страна, Македонија не ги почитува препораките на Венецијанската комисија и ЕКРИ, коментира БГНЕС, што не е точно. Софија е непочитувачот. 102%.
Според плачките на медиумот, обидот да се заобиколи едногласноста при донесувањето одлуки во врска со процесот на преговори со земја-кандидат, која со години одбива да се придржува до Преговарачката рамка усвоена од неа (читај Заевци), да ти бил целосно неприфатлив. А тие што чуваат 17 пресуди во фиока, тоа си е тамам. Трогателно, се потресовте, нели?
-Кога Томас Вајц го подготвуваше минатогодишниот извештај за Македонија, ниту еден претставник на Бугарија во европските институции не презеде одговорност за вклучување на формулацијата „македонски идентитет и јазик“ во нејзината конечна верзија во Комитетот за надворешни работи (AFET), за што Европскиот парламент нема надлежност да се изјаснува. Требаше да се гласа на пленарна седница за да текстовите излобирани од Скопје да бидат отстранети од резолуцијата. Овој пат, согласувањето со опцијата за „компромис“ или целосното повлекување од амандманите отвора врата за непредвидливи и неконтролирани последици, смета макеоднофобниот БГНЕС кој ги кара своите пратеници дека не биле доволно антимакедонски настроени и ги „фура“ да бидат.
Затоа, шовинистички загрижениот медиум ги повикува бугарските европратеници сега да не бидат деморати и нормални за да демек не станат соучесници во напорите на Скопје да не ги исполни своите меѓународни обврски (за бугарски нема ниту абер) „и да ги префрли последиците од сопствената неспособност врз Софија“. Изборната кампања во Бугарија не ги ослободува бугарските европратеници од политичка одговорност (т.е. мора да бидат антимакедонци, и точка), пишува заглавениот во национализам и лажги со опашки БГНЕС.