Македонија локални избори 2025

Утре во Ранковце за гласање пријавени 72 изнемоштени лица

Во Ранковце право глас имаат 2.921 граѓани запишани во единствениот Избирачки список.

Утре во Ранковце за гласање пријавени 72 изнемоштени лица

Утре во Општина Ранковце за гласање во вториот изборен круг пријавени се вкупно 72 болни изнемоштени.

На изборите во недела, жителите на Општина Ранковце ќе гласаат на 13 избирачки места. Во Ранковце право глас имаат 2.921 граѓани запишани во единствениот Избирачки список.

По првиот круг од локалните избори одржани на 19 октомври, граѓаните на Општина Ранковце ќе одбираат градоначалник помеѓу кандидатите Даниел Крстевски од „Коалицијата локални избори 2025 СДСМ“ и Даниел Павловски од Коалицијата „Твоја Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ.

To top