Натпревар и спортско-рекреативен настан утре ќе се одржуваат во Скопје поради што за сообраќај ќе бидат затворени повеќе улици во градот.
Од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански Триоги Триатлон“, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по трасата по која ќе се движат натпреварувачите.
Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, и обратно.
Исто така, со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, посебен режим на сообраќајот ќе има по трасата по која ќе се движат натпреварувачите на велосипедската трка, и тоа: со почеток пред Музеј на град Скопје – ул.„Св.Кирил и Методиј“, потоа лево по бул.„Св.Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст“).
Трасата на движење на планинарите е: со почеток во 10.00 часот од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по планинската патека кон Средно Водно, а од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“).
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.