Македонија

Утковски: Ако политичките лидери не вложат напор за да ја стишат ситуацијата ќе биде многу полошо во предизборната кампања од денешната престрелка

Утковски: Ако политичките лидери не вложат напор за да ја стишат ситуацијата ќе биде многу полошо во предизборната кампања од денешната престрелка

Бобан Утковски поранешен полициски генерал член на извршниот комитет на патриотскиот институт „Гоце Делчев“ на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или Против“ вели дека  во иднина ќе биде уште полошо поврзувајќи се на темата за денешното пукање врз градоначалникот на општината Арачиново.

„Како што доаѓа предизборната кампања ќе биде многу полошо, за жал. Ако не вложат напор политичките лидери за да ја стишат ситуацијата ќе биде многу полошо. Јас имам одредени сознанија дека се од иста партија и извршителите на делото и градоначалникот на Арачиново т.е од ДУИ. Ќе мора да се упати апел дека и утре има ден и ништо не е изгубено иако се тргнат од власт, тука борбата е за нив самите, а не за останатите, вели Утковски.

Тој додава дека промената на власта е единствен спас за излез од наметнатата хаварија на секое можно поле.

Целата емисија можете да ја погледнете во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top