Осман Кадриу и Насер Ајдари се повторно отсутни од седницата на Уставниот суд. Судијата Фатмир Скендер побара да се повлече точката од дневен ред поради отсуството на судиите, но другите одбија. Против се Костадиновски, Данева, Кацарска и Дуковска. Кацарска рече дека заклучокот да бидат присутни сите судии бил донесен кога биле само 5 судии и не се однесува на вакво одлучување. Предлогот на Фатмир е одбиен, уставните судии продолжуваат со работа
На денешната седница треба да се разгледа уставноста ан Законот за примена на јазиците, популарно наречен Закон за двојазичност, донесен во времето на владеењето на Зоран Заев. Овој закон не го помина филтерот на Венецијанската комисија, најеминентно правно тело во Европа, која утврди многу нелогичности и слаба аргументација за негова примена во Македонија. Законот беше дар од Заев за Ахмети, благодарност за поддршката да стане дел од власта, иако не победи на парламентарните избори во 2016-та, чин кој еруптираше на 27 април 2017-та со пучот во Собранието и нелегалниот избор на Талат Џафери за спикер.
Разгледувањето на овој Закон пред Уставен стана алатка на ДУИ за политчки поени, на што се должи и нивната „стража за јазикот“ пред Уставен, бламажа на која напати немаше никој во нивниот импровизиран шатор.
Неприсуството на Кадриу и Ајдари е непримерно и незаконско, оценија познавачите на состојбите, тие како уставни судии немаат право поради какви и да е причини (освен здарвствени) самоволно да отсуствуваат „кога ќе им текне“, туку се должни да се на седницата.